Правда наместо реваншизам, е пораката која претседателот Ѓорге Иванов повеќе пати ја потенцираше во своето годишно обраќање од Собранието.
Тој порача дека насилниците од 27 април треба да одговараат, но одговорноста како што рече да не се гнерализира.
– Видовме пратеници си лисици на рацете без симнат имунитет. И граѓани на здружението за „Заедничка Македонија“ кои два месеца мирно протетираа.
Не можам да не ги поддржам барањата на граѓаните да има правда наместо реваншизам. Во таа насока Иванов испорача три барања: закон за обновување на постапките кои имаат индиции за кршење ба човекови права, граѓанска и кривична одговорност на тие кои монтирале случаи, отстранување на генерсторите на кризата до цел – враќање на довербата на граѓаните во институциите, рече Иванов.