Сончево со утринска магла по котлините

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има услови за појава на магла.

Температурата ќе се движи од осум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала, со умерена облачност.

Температурата ќе достигне до 10 степени.

До среда ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе има мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран во четврток ќе биде облачно со повремен дожд, а на високите планини од снег.

Претпладне врнежи ќе има на западот, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови. Во петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено па слаб снег ќе има и на повисоките места особено на западот. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и ветровито време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски