Најстудено и најмногу снег утрово во Маврово

Од:

Утрово најниска температура беше измерена во Маврово -7 степени, каде што имаше и најмногу снег, девет сантиметри.

Температури под нулата беа измерени и во Крушево (-5), Претор, Охрид, Дебар и Битола (-3), во Тетово, Берово, Прилеп, Виница и Пожаране се измерени -2, а -1 во Крива Паланка, Ѓуриште и Тополчани.

Во Струмица утрово е измерена температура од 0 степени, 1 на мерната станица Петровец, 2 во Куманово, 4 во Скопје, Демир Капија, Дојран и Штип, а највисока температура беше измерена во Гевгелија, 6 степени.

Во Крушево утрово имаше 2 сантиметри снег, додека во Берово и Крива Паланка снежната покривка беше од еден сантиметар.

Во текот на ноќта и изутринава времето во Македонија беше променливо облачно со умерен ветер, а долж Повардарието дуваше засител северен ветел. На повисоките планини, како и во Крива Паланка, има проврнување на слаб снег.

Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен по должина на Повардарието.

Температурите утрово ќе се движат од -5 до -1, додека дневните ќе се искачат од 3 до 11 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски