Утрово низ државата е студено, а температурите беа под нула речиси во сите градови, со исклучок на Дојран и Скопје, каде се измерени 1 степен и Гевгелија со 3 степени.
Најстудено е во Лазарополе со -8 степени, во Маврово, Крушево и Крива Паланка каде утринава температурата е -6 степени, во Штип, Дебар, Тополчани, Виница, Ѓуриште и Берово -4, Струмица, Куманово, Битола, Претор и Охрид -3, Прилеп и Демир Капија -2 и Тетово -1 степен.
Снег со слаб интензитет утринава врне во Крива Паланка.
Денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а во северните делови и на планините ќе провејува снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.
