Сепаратистите освоија мнозинството во Парламентот на Каталонија

Од:

Каталонските сепаратистички партии освоија тесно мнозинство во регионалниот Парламент на Каталонија, покажуваат прелиминарните резултати врз основа на 99 отсто преброени гласови од вчерашните вонредни избори.

Трите каталонски партии кои се залагаат за независност на регионот заедно освоија 70 претенички места во Парламентот, што брои 135 пратеници.

Коалицијата на поранешниот претседател на регионалната Влада Карлес Пуџдемон, Заедно за Каталонија, освои 34 места, Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) – 32, а екстремно левичарската партија Кандидатура за народно единство (ЦУП) – четири пратеници.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба