Македонската фудбалска репрезентација нема промени на пласманот на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска од страна на ФИФА. „Црвено-жолтите“ 2017 година ја завршуваат на 76. место.
Нема промени ниту во ТОП 10. Германија и натаму е лидер, пред Бразил и Португалија.
Во првите десет уште се: Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.
Најголем прогрес од 28 места, во декемвриското рангирање на Светската фудбалска федерација има Вануату кој е 157. додека Никарагва е со најголем пад – 13 места и сега се наоѓа на 119. позиција.