Денеска во Скопје се одржува завршната конференција на проектот „Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот закон за кривичната постапка“.
На конференцијата учествува и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која на прашање за договорните услуги во СЈО, одговори дека работат транспарентно и дека борбата со криминал се води со пари.
Јанева рече и оти е запозната дека неколку предмети на СЈО ќе почнат од почеток. Во врска со новиот распоред на судии во кривичен таа напомена дека не е битно кој ќе суди, туку битно е да се суди независно и непристраано.
„Она што ја одбележа 2017 е почетокот на судскиот процес за прислушувањето“ рече специјалната јавна обвинителка.
Јанева истакна и дека злоупотребите со АКМИС-от извршиле влијание врз судските постапки, притоа посочувајќи го фактот дека рочиштето за „Тврдина-Таргет“ во 2017 се одложуваше по неколку пати, а дека предметот за насилството во Центар требаше веќе да заврши.
Васко Маглешов