Џафери-Баша: Негувањето на добрососедските односи е од особена важност

Од:

За време на официјалната посета на Република Албанија, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери оствари средба со претседателот на најголемата опозициска партија во Албанија, Љуљзим Баша, и пратениците во нејзин состав.

Претседателот на Демократската партија на Албанија, Баша му посака добредојде на Џафери и ја искористи можноста да му упати искрени честитки за изборот за претседател на Собранието на Република Македонија. Господин Баша нагласи дека Демократската партија на Албанија е силен поддржувач на Република Македонија во однос на евроатланските интеграции.

Џафери истакна дека од особена важност е негувањето на добрососедските односи со пријателска Албанија, бидејќи двете земји споделуваат заеднички интереси. Во таа насока, претседателот Џафери истакна дека Република Македонија и Република Албанија имаат иста стратешка определба – целосна интеграција во Европската унија и за тоа треба да придонесуваат сите политички чинители.

Што се однесува до улогата на опозицијата, на средбата се истакна дека таа треба да биде конструктивна и да делува во насока на градење на здраво демократско општество каде слободата на изразување е неприкосновено право на секој поединец.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски