Поранешниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Александар Даштевски, како експерт на предлог на адвокатите на Горан Грујевски и Никола Бошковски, денеска беше сослушан како сведок во Судот во Солун.
Во текот на денов се очекува Судот да ја донесе првостепената одлука по барањето на македонските власти за нивна екстрадиција, потврди за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.
Одлуката според грчките закони се објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.