Во Кривичниот суд за утре е закажано првото судско рочиште за случајот на специјалното јавно обвинителство „Топлик“, во кој првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Ова е трето од вкупно пет обвиненија за кое поранешниот министер и соработник на Никола Груевски ќе треба да се појави пред судот.
Засега не се закажани рочишта само за случаите „ТНТ“ и „Титаник“, а Јанакиески, покрај „Топлик“ обвинет е и во случаите „Насилство“ и „ТНТ“.
Во случајот „Топлик“ обвинети се и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на комисијата за јавни наддавањa при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластување и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра продажба на земјиште за месноста „Сончев град“ во Сопиште.
СЈО тврди дека иако надлежната комисија во министерството укажала дека не може да се продава земјиштетото за „Сончев град“ во Сопшите, Миле Јанакиески експресно формирал нова комисија која дозволила да биде објавен огласот за продажба. Бил склучен и купопродажен договор со фирмата „Сан Сити“ во 2007 година кој четири години подоцна спогодбено раскинат.
Во овој случај, Апелациониот суд одлучи доказ да бидат и 11 бомби на специјалното јавно обвинителство.
В. Маглешов