Во Солун денеска во 10 часот по грчко време треба да продолжи судењето за барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, откако минатата недела беше прекинато поради истекот на временскиот период предвиден за рочиштето.
– На судењето ќе бидат доставени документи од одбраната во поглед на тоа дека барањето за екстрадиција е неосновано, а дали ќе бидат сослушани уште сведоци не знам, изјави за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.
Додаде дека денеска треба да биде донесена и одлуката и според грчките закони таа се објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.
Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.