Жителите на саудискиот главен град Ријад денеска слушнале силна експлозија, која, според првичните информации, била предизвикана од пресретнувањето на ракета истрелана кон градот.
Јеменското шиитско движење Хути соопшти дека истрелале балистичка ракета кон Ријад, а според првичните информации, проектилот бил пресретнат во воздух, пред да го погоди градот. Саудиската армија е опремена со американски противракетни системи „Патриот“ кои служат за пресретнување на балистички ракети. На почетокот на ноември, саудиската армија пресретна ракета која беше лансирана кон меѓународниот аеродром во Ријад, повторно од територијата на Хутите во Јемен.