ВИДЕО: СЈО со предмет „Странски служби“ за лагата со жолтото комбе

Од:

Специјалното јавно обвинителство по собраниот доказен материјал покрена истрага за жолтите комбиња и базните страници на екс премиерот Никола Груевски изготвени како што наведува СЈО во извештај на една странска компанија, а по нарачка на минатата власт. Осомничени се две лица.

– Во текот октомври и ноември 2014 година, по барање на еден од осомничените, кој бил началник на одделот за оперативна техника во УБК, странска компанија изготвила извештај дека во Скопје странска служба прислушува со своја опрема и дека постојат клонирани станици. Ова требало да ја потврди тезата на државниот врв дека масовното прислушување го извршиле странски служби. Интерес имала и странската компанија и тој интерес набргу се реализирал. Веќе во декемри 2014, по еден месец од нарачувањето на извештајот, преку дејствија на двајцата осомничени, странската фирма го добила тендерот за набавка на опрема за потребите на МВР, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Постапката е почната по иницијатива на началникот на одделот за оперативна техника во УБК, кој побарал да се објави набавка, а првоосомничениот донел одлука за набавка, формирал комисија и сам си доставил три покани за поннуди од странски компании. За пет дена била завршена целата работа, а понудите рачно биле пополнети од едно исто лице. Петтиот ден е донесена одлука за најповолна понуда и истиот ден е склучен договорот со претставникот на странската компанија и истиот ден бил присутен во република Македонија, рече Фетаи.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов