Одблежани 10 години Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија

Од:

Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, вчера, одбележа 10 години од своето постоење.

„Архитектите и инженерите треба да создаваат иднина преку креирање нов технолошки поефикасен свет, но и да создадат подобри услови за работа и живот на граѓаните. Затоа, глобална водилка на понатамошниот развој е создавање автономна, модерна и ефикасна Комора, базирана на најдобрите искуства, традиција и стандарди на европските комори“,порача претседателот на Комората, професор д-р Миле Димитровскиво свеото обраќање.

Според него, Комората веќе ужива голема почит во опкружувањето преку соработка во регионални, европски и пошироки рамки, но таа соработка постојано треба да се унапредува.Всушност, тоа е визијата на Комората, да се позиционира како рамноправен и релевентен член на меѓународната инженерска заедница, да биде активен чинител во развојот на инженерската струка и да ја зајакне улогата на инженерите во општеството.

Одбележувањето на еднодециниското постоење на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, всушност, значи и чевствување на инженерството, рече претседавачот на Собранието на КОАИ, професор д-р Миле Станковски.

„Светот е во фаза на почеток на Четвртата индустриска револуција (или INDUSTRY 4.0). Зад сцената на водечките светски индустриски и производствени компании во тек е длабока дигитална трансформација. Градежниот сектор не е исклучок и компаниите ги дигитализираат своите основни функции. Освен ова, го зголемуваат и своето портфолио на производи со дигитално функционирање со воведување на иновативни бази на сервиси“, порача Станковски.

Тој им порача на инженерите дека Комората мора да ги прифати новите предизвици, да се вклучи и да создаде услови, заедно со високо-образовните установи и компании од областа на градежништвото, како и со министерствата задолжени за оваа област, да го подигнат нивото на знаење на инженерите кои мора да бидат подготвени за новото време.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери додели четири имнувани награди за 2017 година. Носител на наградата од оделението на градежни инженери именувана „професор д-р Александар Цане – Ангелов“ ја доби дипломираниот градежен инженер м-р Влатко Коцевски. За архитектура, наградата именувана „Професор Борис Чипан“ ја поделија дипломираните инженери архитекти Миодраг Радоњиќ – Бато и Ранко Христов од Атеље Ајвар. Инженерот по електротехника Дејан Петковиќ ја понесе наградата именувана „професор д-р Станимир Јовановски. Дипломираниот машински инженер Алекса Томовски ја доби наградата именувана „Проф. д-р Илија Черепналковски“.

За професор д-р Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, инженерите и архитектите даваат значен придонес во економскиот развој на државата преку нивната стручност, креативност и инвентивност.

На свечената прослава присуствуваа околу 200 гости – архитекти, инженери и соработници на Комората.

Би можело да ве интересира

Инженери на Македонија: Водата е добро на сите граѓани, за тендерот за Чебрен требало да се распише референдум

A1on

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

A1on

Почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

Ана Ололовска

Се испокараа Арсовска, архитектите и проектантот на Универзална, никој не може да ја убеди градоначаличката дека објектот ќе биде безбеден

Кристијан Ландов

Договор за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијација на архитекти

Ана Ололовска

Архитектите во одбрана на ресторанот „Парк“, бараат запирање на постапката до целосен увид во документација

Ана Ололовска