Во Маврово минус 12 степени

Од:

Во поголем дел од Македонија утринава температурите се под нулата освен во Гевгелија каде се измерени три степени.

Најстудено е во Маврово каде минималната температура е -12 степени, потоа во Лазарополе -11, Крушево -8, Пожаране -7, Дебар -6, Ѓуриште -5, Тополчани и Берово -4, Тетово, Охрид, Прилеп и Претор -3, Битола -2 и Штип, Виница, Демир Капија и Куманово -1 степен. Во Скопје, Струмица и Дојран се измерени нула степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнело во Дојран – четири литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Пожаране, Тополчани, Струмица, Гевгелија, Охрид, Тетово и Битола само еден литар на метар квадратен.

Во Македонија утринава преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наместа има слаби провејувања на снег.

Во текот на денот се очекува слично време со повремено провејување на снег особено во североисточните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер долж Повардарието кој повремено ќе се засилува. Максималната температура се очекува да достигне до шест степени.

Во Скопје, слично време со засилен северозападен ветер, слаб снег и максимална температура до три степени.

Во следните денови ќе биде претежно сончево и студено со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе се засилува. Во сабота се очекува да има зголемување на облачноста, а ќе има и услови за локален снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски