Кампањата за каталонските регионални избори влегува во завршна фаза

Од:

Во тек се последните активности на каталонските политичари пред престојните регионални избори кои што ќе се одржат следната недела.

Победа на трите сепаратистички партии може да доведе до обновување на острите тензии кои настанаа по спроведениот референдум за независност на Каталонија, што беше забранет од Шпанија, стравува Мадрид.

Противниците на отцепувањето истакнаа дека поддршката за нив ќе помогне во намалувањето на тензиите и започнување процес на обновување на економијата и каталонското општество.

Партиите кои што се за независност престојните избори ги претставија како референдум за независност, истакнувајќи дека сега е моментот за да се даде понатамошен притисок за каузата.

Разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон, од Брисел преку видео-врска ги повика граѓаните да гласаат за неговата коалиција, со цел да се создаде една подобра земја ослободена од шпанското владеење.

Според последните анкети, трите сепаратистички партии би добиле 63 од вкупно 135-те места во регионалниот парламент, што не е доволно за мнозинство.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

Каталонија воведува ограничувања на водата поради сушата

Горан Наумовски

Каталонците излегоа на демонстрации на петгодишнината од референдумот за независност

Ана Ололовска

Каталонија сака нов референдум, но со согласност на Мадрид

Ана Ололовска

Десетици илјади Каталонци побараа независност од Шпанија

Ана Ололовска

Мадрид бара од ЕП да го направи каталонскиот прв регионален јазик во официјална употреба