Груевски, Пешевски и Јанакиески не сакале да ги слушаат „бомбите“ во СЈО

Од:

Специјалната обвинителка Лиле Стефанова на рочиштето за „Траекторија“ рече дека обвинетите во секое време и во предистражна и во истражна постапка можеле да направат увид во доказите. Таа на денешното рочиште во кривичниот суд рече дека обвинетите, експремиерот Никола Груевски и поранешните министри Владимир Пешевски и Миле Јанакиески не сакале да ги слушаат „бомбите“ кога биле повикани во специјалното јавно обвинителство.

„Не можеме да ви ги дадеме бомбите поради опасност од размножување и вметнување. 315 ‘бомби’ и ДВД со смс пораки ќе мора да ги слушате во судницата. Можеме само да ви ги дадеме транскриптите, но не и аудио материјалите“, рече обвинителката Лиле Стефанова.

Во судницата во кривичниот суд присутни се обвинетите експремиерот Никола Груевски, кој доцнеше на судењето 15 минути, и ексминистрите Владимир Пешевски и Миле Јанакиески. Главната расправа за овој предмет сè уште не е започната. Петчлениот судечки совет го одби барањето на адвокатот на Груевски денешната расправа да биде одложена поради тоа што немало услови за визуелно и тонско снимање поврзано со АКМИС системот.

Освен Груевски, Пешевски и Јанакиески, во „Траекторија“ е обвинет и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски. Тие се обвинети дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според обвинението му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра,

В.М.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ