Во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно и постудено со локален слаб снег, особено во западниот дел. Ќе дува умерен северен ветер, а температурите ќе се движат од -6 до 7 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен слаб снег претпладне. Ќе дува умерен северн ветер, а максималната температура се очекува да достигне 3 степени.
Од вторник до петок под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде стабилно и многу студено, со умерен северен ветер. Во овие денови утринската температура ќе се спушта до -10 степени, а дневната ќе се движи околу нулата.
