(ВИДЕО) 16-та по ред крводарителска акција: Дарувај крв, спаси живот

Од:

„Локалниот клуб на млади при Општинската организација на СДСМ Прилеп денес ја организира традиционалната 16-та по ред крводарителска акција „Дарувај крв, спаси живот“.

Горди сме на оваа активност, бидејќи од година во година наидуваме на се’ поголем одѕив од страна на граѓаните. Потребата од крв за болните и повредени е секојдневна. Затоа сметаме дека секоја капка крв е важна, исто како што секој човек важен.

Солидарноста и хуманоста се два основни столбови врз кои социјалдемократската младина ги темели своите политики. Ги охрабруваме сите граѓани на Прилеп, да бидат хумани, да даруваат крв, а со тоа да спасат нечиј живот. Со оваа хуманитарна акција даваме пример до сите млади луѓе, дека треба да помагаат и да даруваат од срце“, изјави Славчо Ѓорѓијоски – член на СДММ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор