„Дарувај од срце“ – хуманитарна акција

Од:

„Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвен Крст на Република Македонија денеска ќе ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“.

Целта на акцијата е да се обезбеди топла облека, обувки, покривки… на социјално загрозените семејства и наши сограѓани на кои им е тоа најпотребно во овие зимски денови.

Акцијата истовремено ќе се одвива во сите градови на Р. Македонија во организација на општинските форуми на жени.

Собирното место во Скопје ќе биде во паркот Жена борец во 12 часот.

Форумот на жени на СДСМ ги повикува сите граѓани кои се во можност да ја поддржат хуманитарната акција“, се вели во соопштението на Форумот на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места

СДСМ: 90% лаги на Орце, од 30 капитални ветувања нема остварено ниту едно

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Филипче во Струга: Да се избориме за држава што не е ничија приватна сопственост

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена