Јотова и Царуха во Солун разговарале за проблемот со името на Македонија

Од:

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова и грчката заменичка-министерка за Македонија и Тракија, Марија Колиас Царуха разговарале за прашањето за името на Македонија денеска во Солун, јави БТА.

– Се надеваме на позитивно решение кое не ја засега нашата историја, изјавила по средбата Колиас Царуха.

Јотова изразила уверување дека во 2018 година прашањето ќе биде решено со прифатлив компромис за сите земји во регионот.

Јотова и Царуха разговарале и за други прашања, вклучително и за претседателството на Бугарија со ЕУ.

– Имаме амбиција 15 години подоцна да го продолжиме Солунскиот процес. За шесте месеци на бугарското претседателство со Советот на ЕУ вниманието на цела Европа ќе биде насочено кон Балканот. Една од нашите задачи е да ги надминеме стереотипите, дека овој дел на Европа е послабо развиен, истакна Јотова.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето