Дачиќ: Косово не е држава и со тоа не ги исполнува основите услови за членство во Советот на Европа

Од:

Косово не е држава и со тоа не ги исполнува основните услови за да стане членка на Советот на Европа, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ отфрлајќи ја можноста Косово да стане членка на Советот на Европа.

Косово не ги исполнува основните принципи и стандарди на Советот на Европа во поглед на заштитата на човековите права, демократијата и владеењето на правото, изјави Дачиќ, откако косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај најави дека Косово во текот на декември или на почетокот на јануари ќе поднесе барање за прием во Советот на Европа.

Хоџај кажа дека Косово ќе го иницира приемот во декември или најдоцна јануари. Тој смета дека Косово може да стане членка на Советот на Европа во рок од две години, имајќи го во предвид престојниот период, во кој претседавачи со Советот ќе бидат земји кои го признале Косово.

Би можело да ве интересира

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад