Меѓаши: Под итно децата да се пуштат на распуст, борбата за чист воздух не е партиска

Од:

„Под итно децата да се пуштат на распуст! Помалите деца да не се пуштаат во градинките!

Влада на Република Македонија, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Центар за управување со кризи…

Имајќи ја предвид енормната загаденост на воздухот и неговото катастрофално влијание врз здравјето, бараме од централната и локалната власт под итно децата да се пуштат на распуст а градинките и сите установи каде престојуваат деца да се затворат се додека концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките се намали во нормални граници и се додека од надлежните институции не се преземат соодветни, конкретни мерки за заштита. Во спротивно се придружуваме со целосна поддршка на веќе најавениот бојкот од страна на родителите, најавен за 20 декември 2017.

Воедно, престанете борбата за правото на чист воздух да ја сведувате на политичка и партиска пресметка, ова е надполитичко и надпартиско прашање и секој/а е одговорен за неговото решавање а особено оние кои се на власт.

Апелираме дека состојбата со здравјето на децата станува се поалармантна. Се доведува во опасност животот на децата и се прекршуваат повеќе членови од Конвенцијата за правата на детето. Секое второ дете е со белодробни заболувања, астма, бронхитис и др.здравствени проблеми.

Апелираме дека доколку не се преземе итна заштита на децата од страна на надлежните институции, ќе бидеме приморани на ригорозни мерки, бојкот, протести, еко герила активности, блокирање на патиштата… За оваа состојба Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе ги информира сите членови на Комитетот за правата на детето и ќе бидат паралелно повикани граѓан(к)ите на масовни протести, граѓанска непослушност и бојкот односно децата да не се пуштаат во градинка, на училиште, спортски и други рекреативни и едукативни активности. Со загрозување на правото на детето на живот и здрава животна средина се прекршува и Уставот на РМ. За оваа состојба во која се наоѓаат децата ќе бидат информирани и други меѓународни организации каде Меѓаши е членка“ се вели во соопштението на првата детска амбасада Меѓаши.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза