Груевски: Никого од кандидатите не сум овластил да се повикува на моја наводна експлузивна поддршка

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, преку социјалните мрежи испрати порака до кандидатите за иден претседател на партијата кој ќе се избира следниот викенд на вонреден Конгрес.

Тој нагласува дека не овластил никого од кандидатите да се повикува на негова наводна ексклузивна поддршка.

„Сакам да нагласам дека доколку кој било го злоупотребува моето име како долгогодишен претседател на партијата, во контекст на собирањето потписи за поддршка и во контекст на гласањето, треба да се знае дека станува збор за лажно преставување и информирање, и доколку тоа е пресудно при носењето одлука за поддршка, треба да се одбие давањето подршка или глас. Никого од кандидатите не сум овластил да се повикува на моја наводна експлузивна поддршка, заради собирање потписи за подршка или гласање. Ниту еден мој соработник, пријател, роднина, колега или било кој сопартиец“, вели Груевски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела