Најмалку половина од светската популација нема пристап до основна здравствена заштита, а многумина се донесени на работ на сиромаштија плаќајќи сметки за лекување, соопшти Светската здравствена организација.
Околу 800 милиони луѓе ширум светот трошат најмалку 10 проценти од приходот на домаќинството за здравствена заштита за себе или болно дете, од кои околу 100 милиони, после сè, им останува да живеат со 1,90 долари на ден.
Во заедничкиот извештај со Светската банка, Светската здравствена организација вели дека е целосно неприфатливо половина од светската популација се уште да нема основна здравствена заштита.