Облачно со магла по котлините

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец, кој во северозападните подрачја, особено на планините повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од пет до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец. Температурата ќе достигне до 11 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а се уште ќе има и појава на магла по одделни котлини. Под влијание на нов влажен бран в сабота и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови.

Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а в недела врнежи од снег може да има и на некои повисоки места. В сабота ќе дува засилен јужен ветер, а од недела под влијание на северно воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски