За помош во обновата на мировниот процес со Палестинците, израелскиот министер за разузнавање Кац го покани саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во посета на Израел.
Во интервју за саудиските медиуми Кац ја нарекол Саудиска Арабија лидер на арапскиот свет.
– Израел ќе биде среќен да учествува во преговори со цел Кралството да добие статус на спонзор на блискоисточниот мировен процес, истакнал тој.
Кац минатата недела изјави дека односите на неговата земја со арапскиот свет се подобруваат секој ден, а причина за тоа е закната за целиот регион од страна на Иран.