Адвокатот на дел од обвинетите во предметот „Транспортер“, Димитар Дангов, денеска во кривичниот суд побара да се одложи главната расправа бидејќи записникот се води стенографски, а нема можност за визуелно и тонско снимање.
Обвинетите во предметот „Транспортер“ денеска не сакаа да бидат снимени во судницата во кривичниот суд. Со ова продолжува праксата адвокатите на обвинетите во предметите на специјалното јавно обвинителство да бараат од Судот на новинарските екипи да не им се дозволи да направат видео-инсерти од почетокот на судењата.
Обвинетите, пак, побараа визулено и тонско снимање на судењето и ги побараа доказите во писмена форма иако претходно ги добиле електронски листите на докази. Одбраната го бара и ЦД-то со бомбите бидејќи без него не била возможна одбраната. Адвокатката Сања Алексиќ рече дека обвинетите веќе еднаш биле снимени на едно од претходните две рочишта. Судијката Лидија Петровска им го одобри барањето и не дозволи снимање.
Рочиштето сè уште трае.
В.М.