Иванов свечено ја отвори Амбасадата на РМ во Бразил

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на официјалната посета на Бразил, свечено ја отвори Амбасадата во Бразил, што претставува прва македонска Амбасада во Латинска Америка.

Отворањето на македонската Амбасада во Бразил претставува почеток на ново пријателство и соработка меѓу двете земји, порача Иванов, на свеченото отворање. Тој изрази надеж дека и Бразил ќе отвори своја амбасада во Република Македонија. Визната либерализација меѓу двете земји претставува дополнителен поттик за унапредување на севкупната соработка меѓу двете земји, особено во сферата на туризмот, оцени македонскиот претседател.

„Покрај дигиталната трансформација, личниот контакт е незаменлив и вашето лично присуство на овој чин кажува дека ова е почеток на едно ново пријателство и соработка. Неопходна ни е соработка и неопходни се лични контакти преку сите претставници на земјите на сите континенти. Бидејќи на сите ни се неопходни мирот и просперитетот, и неопходно е на младите поколенија да им оставиме извесна иднина, порача македонскиот претседател.

Македонскиот амбасадор Ивица Боцевски истакна дека Република Македонија во Бразил гледа свој партнер во глобалната економска, технолошка, научна и дигитална трка.

„Централен дел на работата на оваа Амбасада ќе биде борбата за привлекување странски инвестиции во Македонија, посебно на најглобализираните и технолошки водечките бразилски брендови“, порача амбасадорот Боцевски.

Присутните на свеченоста ги поздрави и в.д. министерот за надворешни работи на Бразил, Маркос Галвао.

„Во овој период го видовме стапувањето на сила на договорот за визна либерализација, кој е темелен за зближување на нашите народи затоа што веќе ги олеснува посетите помеѓу двете земји. Идентификувавме можности во областите на разузнавањето, соработка во правосудството, трговијата и културата“, порача Галвао.

На свеченоста на отворањето на македонската Амбасада во Бразилија присуствуваа личности од политичкиот и општествениот живот на Бразил, претставници на дипломатскиот кор, како и претставници од македонската дијаспора.

Претседателот Иванов, кој престојува во официјална посета на Бразил, вчера оствари средба со претседателот на Бразил, Мишел Темер. За утре се предвидени средби на македонскиот претседател со Фернандо Колор де Мело, претседател на Комитетот за надворешни работи и национална одбрана во Федералниот сенат, и со Бруна Фурлан, претседател на Комитетот за надворешни работи и национална одбрана во долниот дом на Националниот конгрес на Бразил.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски