Иванов се сретна со бразилскиот претседател Темер

Од:

Постигнавме визна либерализација за нашите граѓани, ја поттикнавме стопанската соработка и веќе до институциите на Бразил е поднесена правната рамка за регулирање на нашите билатерални односи, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по средбата со претседателот на Бразил, г. Мишел Темер.

Македонскиот претседател истакна дека ова е историска посета чиј повод е отворањето на првата амбасада на Република Македонија во Латинска Америка.

Средбата со бразилскиот претседател, претседателот Иванов ја оцени како содржајна и конструктивна, што отвора можности за продлабочување на идната соработка меѓу двете земји, особено на економски план.

– Разговаравме за досегашната соработка што ја имаат нашите компании и поединци во Бразил и можностите кои ги нуди Македонија за да можат бразилските компании да бидат присутни во нашиот регион, изјави претседателот Иванов.

Македонскиот претседател потенцираше дека Македонија и Бразил имаат одлична мултилатерална соработка.

– Македонија секогаш ги поддржува кандидатурите на Бразил и исто така е во групата што ги поддржува иницијативите на Бразил за реформи на Советот за безбедност на ОН, изјави шефот на државата.

Бразил, додаде македонскиот претседател, е една од најбрзорастечките економии во светот, членка на Г20 и членка на БРИКС, и отвора огромни можности за културна, научна и соработка во сите други области.

Во обраќањето на заедничкиот ручек со бразилскиот претседател, претседателот Иванов изрази надеж дека и Бразил ќе отвори своја амбасада во Република Македонија, додавајќи дека Македонија високо го цени признавањето на нашето уставно име од страна на Бразил.

Иванов додаде дека во план е и склучувања на повеќе билатерални договори со кои ќе се дополни правната рамка за соработка во повеќе области, трговијата, земјоделството, образованието, науката, медицината, инженерството и технологиите.

Претседателот на Република Македонија попладнево во Палатата Планалто во Бразилија, беше пречекан со највисоки државни почести од страна на бразилскиот претседател, г. Мишел Темер.

Ова е прва официјална посета на Претседател на Република Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка.

Во рамки на посетата претседателот Иванов ќе присуствува на свеченото отворање на Амбасадата на Република Македонија во Бразилија, прва резидентна македонска Амбасада во Латинска Америка.

Вчера, претседателот Иванов оствари средби со д-р Пауло Скаф, претседател на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и г. Едуардо Виера, претседател на Федерацијата на индустрии на Рио де Жанеиро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск