Шпаркасе банка Македонија ќе потпише договор за нова кредитна линија од Европската банка за обнова и развој.
Новата креитна линија е наменета за финансирање енергетска ефикасност во домаќинствата.
На потпишувањето на договорот ќе присуствуваат претставникот на ЕБОР за Македонија Анка Јоана Јонеску и претседателот на УО на Шпаркасе банка Македонија Глигор Бишев.