„Во држава во која во текот на една вечер со нож се нападнати вработени во хотел, силувана девојка со ментална попреченост, украдени се пиштоли и пушки од продавница со ловна опрема, ловџија застрелал свој колега, дечко од 21 година бил крвнички тепан од страна на група лица, кои го удирале со клоци, тупаници и шишиња во пределот на главата и телото, најголема општествена закана стана инцидентен напад од едно куче испуштено на улица!
Примитивци, насилници во моментов имаат главен збор, хараат низ градов и трујат се живо со отрови кои имаат капацитет да убијат и човек од 100 кила, а не деца и кучиња.
ИТНО ги повикуваме институциите да ја смират јавноста, извршат истраги на терен, во земјоделските аптеки, пазарите каде се купува отров и ги санкционираат најстрого сите кои труејќи предизвикуваат јавна опасност и вршат строго казниво кривично дело!
ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ГРАЃАНИ да ни достават податоци за потенцијални трујачи, како и информации за оние кои во јавноста повикуваат на линч на бездомните кучиња! Сликајте ги јавните објави на сите насилници за да не ги избришат и доставете ни ги, а ние во секој случај каде имаме законска основа ќе поднесеме тужби!“, соопштуваат од Анима Мунди.