Во текот на ноќта врнежи од слаб снег имаше во северните делови од земјава, а утрово снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране, соопшти Управата за хидрометеролошки работи.
Висината на снежната покривка изнесува 1 сантиметар во Дебар и Скопје – Петровец, 2 во Претор и Крива Паланка, 4 во Крушево и Пожаране, 5 во Маврово и Ѓуриште и 7 сантиметри во Лазарополе.
Денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрово ќе има услови за провејување на слаб снег во западните и северозападните делови, додека преку денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер на југоистокот.
