Министерот Саљији во работна посета на Летонија

Од:

Утре и задутре македонскиот министер за правда Билен Саљији ќе престојува во работна посета на Летонија, каде што заедно со неговиот летонски колега, Џинтарс Раснач ќе потпишат Меморандум за соработка помеѓу министерствата за правда на двете држави.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, Саљији ќе се сретне и со директорот за затвори на Летонија и ќе го посети Центарот за зависности при затворот Олаине.

Задутре Саљији ќе се сретне со раководителот на државната служба за пробација на Летонија, Михалс Папсујевич, како и со директорот на Судската управа, Едвинс Балшевич.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија и испрати предупредување на Летонија пред тужба за дискриминација на Русите

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели