Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Героро е суспендиран на една година од страна на ФИФА поради користење кокаин.
Напаѓачот на Фламенго паднал на допинг тест на 5 октомври по натпреварот против Аргентина во квалификациите за Мундијалот.
Тој не смее да игра до 3 ноември идната година, што значи дека нема да смее да настапува на Светското првенство на кое што Перу се пласира по прв пат по 36 години.
Гереро постигна пет гола во квалификациите и беше еден од играчите со најголем удел во пласманот на неговата репрезентација на Мундијалот во Русија.
33-годишниот фудбалер во неговата кариера има настапувано за Баерн, Хамбургер и Коринтијанс. Тој негираше дека користел нелегални средства.