(ВИДЕО) Црвенковски: Локални заедно со парламентарни организирани од Влада со кредибилитет

Од:

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука да учествуваат на избори, доколку се одржат локални заедно со предвремени парламентарни, и доколку се исполнат условите тие да бидат фер и демократски.

Изборите да бидат организирани од Влада со кредибилитет, а посебно личностите кои ќе ги раководат секторите финансии, правда и внатрешни работи, како и јавниот сервис МРТ, да бидат личности прифатливи за сите, лица со капацитет и кредибилитет. СДСМ инсистира на вградување на сите забелешки во Изборниот законик дадени од ОБСЕ/ОДИХР и целосно да се прочисти избирачкиот список.

Ова е предлогот за излез од кризата.

„Подготвени сме за започнување разговори веднаш со владеачките партии. Ако одбијат, битката ја продолжуваме со улична демократија и граѓанска отпор. Целата одговорност за нелегитимни избори ќе ја носи актуеланат власт“, рече на прес конференција, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Одлуката, рече е донесена едносгласно од сите присутни на седницата на Централниот одбор, вклучувајќи ги и пратениците и градоначалниците, како и кандидатите за градоначалници.

Власта, потенцираше, нема кредибилитет да организира фер и демократски избори, а ако учествува опозицијата само на локални избори ќе и даде легитимност на власта која воведе полициска диктатура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме