Османи: Очекуваме поддршката од Чешка да продолжи и во иднина

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со Амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан.

На средбата беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, евроинтегративниот процес на Македонија, како и за поддршката на Чешка за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. Билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка од страна на двајцата соговорници беше оценета како солидна. Двајцата соговорници изразија надеж дека успешната билатерална соработка ќе продолжи и понатаму и дека истата ќе се продлабочи.

Во поглед на евроинтегративниот процес на Македонија, Османи изрази задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на земјава од страна на Чешка, како во рамките на Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група. Османи му го презентираше на Томан Планот 3-6-9, и посветеноста на Владата во целост да ги реализира сите препораки, барања и забелешки од страна на европските пријатели. Планот 3-6-9 претставува единствена целина на неговите три дела и во него се имплементирани сите релевантни забелешки и препораки кои се нотирани како пречка за нашите евроатлантски интеграции.

“Имаме кратки рокови, времето е сериозен фактор, но Владата и останатите институции се силно посветени на реформите и навреме ќе ги испорачаат ветените резултати.”-истакна Османи. Тој додаде дека и Владата и граѓаните очекуваат конкретни чекори од старана на Унијата во насока на нашето приближување кон Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски