Иванов на форум во Монако

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе учествува на десеттиот Меѓународен форум „Мир и Спорт“, што се одржува во Принципатот Монако, под покровителство на принцот на Монако, Н.В. Алберт II.

Темата на годинешниот форум е „Иновации во спортот во функција на општествена трансформација“. На форумот ќе бидат разгледани начините на кои општествените иновации употребени во спортот, можат да се искористат за справување со тековните општествени проблеми и идните предизвици. Целта е да се понудат напредни решенија кои ќе ја истакнат моќта на спортот во создавање на одржливо, инклузивно и мирно општество.

Ова е трето учество на претседателот Иванов на „Мир и спорт“. Во 2012 година во рамки на форумот одржан во Сочи, основачот и претседател на меѓународната организација „Мир и спорт“, Жоел Бузу, на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му додели посебно признание за неговите заложби за промоција и унапредување на мирот преку спортот.

На годинешниот јубилеен форум ќе учествуваат повеќе од 500 делегати од 110 држави од светот, меѓу кои, политички лидери, претставници од бизнис елитата, од меѓународните организации и граѓанското општество, претставници на академската заедница, истакнати спортисти и добитници на Нобеловата награда за мир.

Во рамки на учеството на меѓународниот форум „Мир и спорт“ претседателот ќе оствари билатерална средба со принцот на Монако, Н.В. Алберт II.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски