Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер денеска се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев, по што одржаа заедничка прес-конференција.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата Јункер кажа дека вратата за членство во ЕУ е отворена за земјите од Западен Балкан, а притоа го искористи уставното име на Македонија.
По тоа следуваше брзо поправање и на сугестија на еврокомесарот Хан се поправи дека наместо во Македонија, бил во Скопје. Реакцијата на Јункер беше причина за смеа кај премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан.