Жители на Куманово се подготвуваат за протести и ќе бараат државата со закон да почне да ги казнува убијците на невини животни. Причина е суровото убиство на две мачки миленичиња од страна на кумановка за која тврдат дека десет години наназад безмилосно ги малтретира и ги убива миленичињата на сите соседи.
– Ние како семејство сме љубители и помагаме на домашни миленичиња мачиња, кучиња, на птици кои се повредени, изнемоштени и болни на истите со љубов ги негуваме и лекуваме до ветеринарни амбуланти во Куманово и Скопје не жалејќи која е цената за нивно излекување а потоа ги вдомуваме и чуваме во нашиот дом и по некое време се до наоѓање на хуманитарни луѓе љубители на животни и ги даваме да истите ги вдомаат во нивните домови.
Но за жал, Ф.Ј од Куманово која лично без емоци и човечки чувства, немилосрдно со отрови, со тврди предмети, има убиено околу 50 наши вдомени домашни домашни миленичиња.
На културен начин ја имаме предупредено но се работи за фамилија со криминално насилничко полициско досие за сторени кривични Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот Закон на РМ“, реагираат од населба во Куманово.
Жената убица и демон денеска немилосрдно уби две мачиња бидејки влегле во нејзиниот двор кој е ограден како во затвор при што едното е фрлено во нашиот двор, а со цел да не заплаши иаку ништо досега им немаме лошо сторено, реагираат од населба во Куманово.