Светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД, на Комерцијална банка АД Скопје ѝ ја додели наградата „Најдобар FX Провајдер за Република Македонија (Најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Македонија за 2018 година)“.
Ова е четврто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална Банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Република Македонија, доделено од Global Finance.
Изборот за најдобар „FX Провајдер” на финансиските пазари во Македонија е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење на иновативни технологии.
Прогласувањето на Банката за “Најдобар FX Провајдер за Република Македонија” е уште една потврда за високиот квалитет на услуги кои Комерцијална банка ги нуди; за понудата на финансиски инструменти; конкурентноста, како и потврда на лидерската позиција на Банката во областа на тргувањето на домашните и глобалните финансиски пазари.