Каевски: АМС и понатаму ќе го поддржува традиционалното карате

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денеска оствари средба со македонската репрезентација во традиционално карате која се врати со 14 медали од Обединетиот светски шампионат во Монтекатини, Италија.

– Чест и вистинско задоволство е кога македонска репрезентација постигнува ваков историски успех, особено ако истиот е остварен на едно мундијалско натпреварување. Агенцијата за млади и спорт активно ја поддржуваше оваа репрезентација и убеден сум дека и понатаму останува отворена за соработка со федерацијата за традиционално карате во секој сегмент, особено кога станува збор за младинските категории во насока на афирмација на младите спортисти во Македонија, рече Каевски.

За поддршката што ја добиваат од АМС с езаблагодари Генералниот секретар на федерацијата Дејан Недев. Тој истакна дека во Италија е направен историски успех за Македонското традиционално карате ако се земе фактот на СШ учествуваа над 1.000 натпреварувачи од 47 земји.

– Посебно е важно тоа што освојувачите се главно кадетски и јуниорски натпреварувачи кои истовремено се стипендисти на Агенцијата за млади и спорт, со што сакам да ја нагласам важноста на овие средства и оправданоста за нивното постоење, изјави Недев.

Македонија од Монтекатини се врати со 14 медали од кои: девет златни, еден сребрен и четири бронзени медали во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска