Обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО очекува в четврток да почне главната расправа за случајот „Тотал“.
Според него, на денешното рочиште се покажало дека судот доследно си ги применува одредбите од Законот за кривична постапка и дека се обидува да создаде услови за започнување на главната расправа.
– Мислам дека на 7 декември ќе почне главната расправа, изјави Бубевски по завршувањето на денешното рочиште.