Немаше кој да му пушта „бомби“ на Латас во судницата

Судијата Ѓоко Ристов го одложи денешното рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО во кое обвинет е Драган Павловиќ Латас поради тоа што во судот, поради одморите, имало само еден информатичар кој требаше да ги пушта „бомбите“ за случајот, но тој бил зафатен со притворски предмет кај судијката Добрила Кацарска.

На денешното рочиште требаше да бидат пуштени „бомби“, кои се доказ во предметот.

Следното рочиште е закажано за 29 септември, а судијата им посака пријатен одмор на присутните во судницата. Ристов е четврти судија кој го суди предметот.

Во „Тотал“ обвинет е Драган Павловиќ-Латас за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медиа центар и „Медиамакс” и 63.032 евра како физичко лице.

Би можело да ве интересира

Со новиот предлог-закон СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

(ВИДЕО) Заев: СЈО се интегрира во Обвинителство за организиран криминал на чело со Русковска

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ласовска: Која здравствена установа издала боледување на Јанева?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тортевски: Предметите на СЈО со ништо не се загрозени, криминалот не смее да остане несанкциониран

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Ласовска: Катица Јанева се крие и бега од одговорност

Ана Ололовска

Жбогар: „Рекет“ не влијае на европерспективата, да се најде решение за иднината на СЈО

Ана Ололовска