Доколку САД го признаат Ерусалим како израелска престолнина и покрај предупредувањата од арапскиот свет ќе следува „голема катастрофа“, предупреди висок претставник на турската влада.
– Доколку моменталниот статус на Ерусалим биде променет и се преземат поинакви мерки тоа ќе биде голема катастрофа. Тоа целосно ќе го уништи кревкиот мировен процес во регионот и ќе доведе до нови судири и немири, изјави заменик турскиот премиер Бекир Боздаг на прес-конференција.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во текот на оваа недела треба да онесе одлука дали ќе го признае Ерусалим како израелска престолнина.