Израел: Седум лица загинаа во ракетен напад на Хезболах

Од:

Седум лица загинаа денеска на северот на Израел во ракетни напади на либанското движење Хезболах, јавија израелските медиуми.

Израелец и четворица тајландски државјани се убиени на фарма во градот Метула, додека мајка и син се убиени во напад во близина на Хаифа, објави „Тајмс оф Израел“.

Како што наведува весникот, ова е еден од најсмртоносните напади врз цивили во северен Израел во последно време.

Со ова бројот на цивили убиени за време на прекуграничните напади на Хезболах од Либан кон северен Израел во изминатата година се искачи на 39.

Израелските власти соопштија дека петмината убиени работеле во овоштарник во градот Метула кога биле погодени од ракета истрелана од Либан, додека едно лице е тешко повредено во нападот.

Министерот за надворешни работи на Тајланд потврди дека во тој напад загинале четворица државјани на таа земја кои работеле во Израел.

Израелските вооружени сили ИД соопштија дека од Либан биле истрелани две ракети во областа на градот Метула и дека се истражуваат деталите за инцидентот.

Уште две лица, мајка и син, беа убиени подоцна кога Хезболах истрела повеќе од 20 ракети врз предградието на Хаифа, Кирјат Ата, соопштија израелските власти.

Би можело да ве интересира

Лидерот на Хезболах тврди дека милитантната група го победила Израел

Горан Наумовски

Дел од Израелците се нервозни поради примирјето со Хезболах

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје