Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им порача на американските претставници кои пристигнаа во Ерусалим за да разговараат за прекинот на огнот во израелската војна со либанскиот Хезболах, дека примирјето пред се мора да ја гарантира безбедноста на Израел.

– Главното прашање е способноста и решителноста на Израел да го спроведе договорот и да спречи каква било закана од Либан за неговата безбедност, на начин што ќе му овозможи на раселеното население да се врати на северот од земјата – им рекол Нетанјаху на пратениците Амос Хохштајн и Брет Мекгурк се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

Двајца претставници на Белата куќа за Блискиот Исток претходно се сретнаа со министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант.

– Разговорите се фокусираа на стратешките предизвици и можности во регионот, на безбедносните аранжмани поврзани со северната област (Израел) и Либан и напорите да се обезбеди ослободување на заложниците кои се во Газа по повеќе од една година војна со палестинскиот Хамас – пишува во соопштението.

Состаноците се дел од интензивните напори на САД да посредуваат за прекин на огнот за да се стави крај на 13-месечната војна во северен Израел и јужен Либан, според израелските медиуми.

Израелските воени лидери се повеќе укажуваат дека земјата го достигнала својот максимум во воена смисла во Либан и Газа и дека е време политичарите да постигнат договор.

Би можело да ве интересира

Лидерот на Хезболах тврди дека милитантната група го победила Израел

Горан Наумовски

Дел од Израелците се нервозни поради примирјето со Хезболах

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје