Кривични пријави за двајца албански државјани за шверц на марихуана од Албанија, преку Македонија во Грција

Од:

Секторот за Внатрешни работи Битола вчера до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.А.(45) и Б.Г.(33), и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.

Имено, двајцата пријавени заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено набавиле опојна дрога марихуана, ја спакувале во вкупно 38 најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и од Албанија се упатиле преку Македонија да извршат транспорт на марихуаната во Грција.

Во ноќта меѓу сабота и недела околу 01,30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Меџитлија“, тие биле забележани во близина на напуштената караула Лажец и на дадена наредба да застанат тројцата се дале во бегство. По кусо време Р.А. и Б.Г. се фатени во непосредна близина на граничната линија со двете торби со марихуана, додека третото лице се упатило во непознат правец. Од извршената анализа утврдено е дека во торбите има 38 најлонски паковки со марихуана со вкупна нето маса од 38,1 килограми. Во торбите имало и 201 грам хашиш и околу 350 милилитри хашишова смола. Од страна на Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење до по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски