Во текот на последното деноноќие најмногу дожд наврна во Крушево, 17 литри на метар квадратен, додека најмалку врнеше во Куманово, Охрид и Ѓуриште по еден литар на метар квадратен.
Во Берово до осум часот утрово наврнале 15 литри на метар квадратен, во Струмица 13 л/м2, Маврово, Дебар и Лазарополе по 6, додека во Крива Паланка 2 л/м2.
Времето беше облачно во поголемиот дел од земјава утрово, а во мавровскиот регион има врнежи од снег со послаб интензитет. На повисоките места и планините дува слаб ветер од северозападен правец.
Денеска се очекува да биде променливо облачно и студено со слаб снег на планините, а ќе дува умерен северен ветер.
Утре ќе биде променливо облачно, ветровито и студено. На планините ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб снег. Утринските температури во текот на следната недела ќе биде под нулата, а од среда до петок во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, што ќе доведе до зголемување на дневните температури.
Во сабота и недела се очекуваа нови врнежи од дожд, кои што ќе бидат со послаб интензитет.
