Фудбалерите на Стразбур му го нанесоа првиот пораз сезонава на Пари Сен Жермен во Француското фудбалско првенство, откако вечерва на домашен терен славеа победа со 2:1.
Пред овој пораз, ПСЖ во првите 15 кола имаше 13 победи и два нерешени резултата.
Да Коста го доведе Стразбур во водство во 13.минута, Килијан Мбапе изедначи во 42. минута, Бахокен во 65-тата минута го постави конечниот резултат.
И покрај, ПСЖ останува лидер во Лига 1 со голема предност од девет бода пред конкурентите.